Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА СТАФА Адвокатот на бегалецот прво барал 100.000 евра за да потплати судија во Апелација
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА СТАФА Адвокатот на бегалецот прво барал 100.000 евра за да потплати судија во Апелација

14/12/2025

AA

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) донесе Наредба за спроведување истражна постапка против Фехми Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата. Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради сите околности што упатуваат на опасност од бегство, можност да изврши нови кривични дела или да влијае на постапката.

Стафа, инаку е адвокат на лицето кое е во бегство, и кое, како што објавија некои медиуми, е осомничено во случајот „Синџир“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy