
ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА БРЕГОТ НА ДУНАВ, НАЈВЕРОЈАТНО Е ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ПРИЈАТЕЛИ ПО КОИ СЕ ТРАГА: Чамецот им се преврте пред месец дена
Тело на маж е
пронајдено на брегот на Дунав кај Рафинеријата Панчево, дознава Блиц.
Постои сомневање
дека ова е еден од тројцата исчезнати пријатели од чамецот што се преврте на 18
март на Дунав кај Панчевскиот мост. Според првите и неофицијални информации, најверојатно
станува збор за Ненад Тривковиќ.
Чамецот на
младите се превртел во Дунав кога се враќале од патување во Бела Стена, а
несреќата се случила на 18 март доцна во вечерните часови.
Мане К. беше
единствениот кој успеа да се спаси и да ја преплива реката и да ја најде првата
куќа во која побарал помош.
Оттогаш,
пријателите и семејството континуирано трагаат по тројцата исчезнати мажи,
Милан Николиќ, Милош Марковиќ и Ненад Тривковиќ.
ФОТО: FACEBOOK/NENAD KOSTIĆ
