Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЕЌЕ СЕ ЗНАЕ ЗОШТО ГЕРМАНИЈА ЈА ГУБИ ЕКОНОМСКАТА МОЌ: Нема работници, а има многу  стари луѓе
Економија

ВЕЌЕ СЕ ЗНАЕ ЗОШТО ГЕРМАНИЈА ЈА ГУБИ ЕКОНОМСКАТА МОЌ: Нема работници, а има многу стари луѓе

08/04/2023

AA

Германија ја губи
својата економска моќ, меѓу другото, затоа што има проблем со стареењето на
општеството и недоволен број работници, а откажувањето од гасот, нафтата и
јагленот влијае на поскапувањето на енергенсите, беше објавено денеска по
истражувањето што го направи Универзитетот во Минхен.

Се наведува дека
наместо најавената рецесија, се очекува мал економски раст од 0,3 отсто,
бидејќи зимата беше блага, а потрошувачката на енергија помала од очекуваната,
пренесе Дојче Веле.

„Економски пад во
зимската половина 2022/23. веројатно беше помало отколку што се стравуваше во
есента“, вели Тимо Волмершаузер, професор на Институтот за економски
истражувања Ифо на Универзитетот во Минхен.

Институтот Ифо
припаѓа на група од четири водечки германски економски истражувачки институти
кои подготвуваат прогнози за економски развој за владата двапати годишно, а
оваа пролет им се придружи и истражувачки институт од Австрија.

Нивните
предвидувања се важни за проценка на даноците, а со тоа и за креирање на
федералниот буџет.

Волмершајзер
забележува дека индустријата има многу нарачки, иако општите услови не се
поволни за бизнис.

„Постојаните
проблеми со испораката на полупроизводи, екстремните скокови на цените на
енергијата и недостигот на работници ги намалија производните можности на
германската економија и спречија посилен раст на бруто домашниот производ“,
набројува професорот од Минхен.

За 2024 година
експертите очекуваат раст од 1,5 отсто, но тоа е сепак прилично неизвесна
проценка, бидејќи има многу непознати и додаваат дека геополитичките тензии или
ниските температури во секое време може да предизвикаат повторно покачување на
цените.

„Опасноста од
недостиг на гас следната зима сè уште постои“, вели Волмершајзер и додава дека среднорочните
прогнози не се розови.

„Според нашите
проценки, просечната стапка на раст на германската економија ќе биде само околу
половина процент на крајот на деценијата“, најавува професорот.

ФОТО: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy