
Пронајдено лице пријавено за изгубено на Водно
Регионалниот ЦУК Скопје известува дека на 112, вчера во 15.23 часот била добиена пријава за изгубено лице во „Парк шумата Водно“ при што веднаш беа известени надлежните структури и институции за нивната понатамошна постапка, по што лицето е пронајдено за околу еден час.
Конкретно, од Полициска станица „Карпош“ во 16.34 часот во ЦУК е добиена добиена информацијата дека лицето од Водно е на пат за градот.
