
МЕТЕО АЛАРМ: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи, ќе паѓа и град
Денес од пладневните часови ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд понекаде проследен со грмежи и засилување на ветерот и со услови за појава на град.
Услови за повремен пороен дожд ќе има и во текот на ноќта.
Во Скопје денес од пладневните часови ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и услови за појава на град и засилен ветер.