Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОНАЈДЕНИ СОЅИДАНИ 350.000 ЕВРА ВО ДОМОТ НА АПЕЛАЦИСКИОТ СУДИЈА ЃОКО РИСТОВ Осомничен е за противправно стекнување и прикривање имот
Македонија

ПРОНАЈДЕНИ СОЅИДАНИ 350.000 ЕВРА ВО ДОМОТ НА АПЕЛАЦИСКИОТ СУДИЈА ЃОКО РИСТОВ Осомничен е за противправно стекнување и прикривање имот

18/01/2026

AA

Во домот на родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов полицијата пронајде 350.000 евра кои биле соѕидани во ѕид.

„Полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал, по барање на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, а врз основа на издадена Наредба од судија на претходна постапка извршија претрес на дом и други простории на подрачје на Неготино, заради пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела. При претресот во соѕидан простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра. за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени“, соопшти полицијата.

Денешното постапување, се додава, е резултат на дејствија преземени во рамките на опсежната истрага на ОЈО ГОКК, откако на 14 декември 2025 беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Се работи за адвокатот Фехми Стафа, поранешен државен правобранител, кој беше уапсен на 15 декември минатата година и оттогаш е во притвор.

„Станува збор за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во нашата држава досега, која е поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност. Претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а јавноста ќе биде известена за натамошниот тек на постапката“, информира полицијата.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдија дека соѕиданите пари се пронајдени кај судијата Ѓоко Ристовски.

„Во рамките на опсежна истрага иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание. Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд денеска беше извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на сега осомничениот судија, каде соѕидани во простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени“, соопшти ОЈО ГОКК.

Станува збор за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во нашата држава досега, се вели и во соопштението од Обвинителството.

„Дејствијата координирани од јавниот обвинител ги преземаат припадници на Одделот за борба против организиран криминал при МВР и Управата за финансиска полиција, чија посветеност и професионален интегритет придонесе за успешно разоткривање и обезбедување докази за еден од најсериозните и најсложените облици на криминал“, соопшти ОЈО ГОКК.

  • ЃАВОЛОТ НЕМАЛО ДА БИДЕ БЕЗБЕДЕН ВО ПРИТВОР, ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Бегалецот сам се пријавил, донел документација дека е болен, па Обвинителството побара поблага мерка

Поранешниот државен правобранител е во притвор поради сомневање дека примил 50.000 евра мито. Како што претходно информираше Обвинителството, во периодот од октомври до 13 декември, осомничениот Стафа примил вкупно 50.000 евра со цел да посредува и да влијае врз судија од Апелациониот суд Скопје, во врска со предмет што се водел против негов клиент. Непосредно по примањето на парите, Стафа беше уапсен.

Лицето за кое, според обвинителските наводи Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов, познат по прекарот Ѓаволот.

СТАФА ЗЕЛ 50.000 ЕВРА ЗА ДА УБЕДИ СУДИЈА ДА УКИНЕ ПРИТВОР Парите ги примил од сестрата на лицето кое е во бегство

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy