
Пронајдена малолетничка од Скопје – пријавила семејно насилство од мајката
На 25.07.2025 во 19.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, од Јавна установа Центар за социјални работи Скопје било пријавено дека била пронајдена Е.В.С.(16), за која на 25.07.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавено дека се оддалечила од семејниот дом.
Според пријавеното, малолетничката кај нив пријавила дека поради семејни недоразбирања била физички нападната од нејзината 46-годишна мајка Е.Ј. од Скопје, со привремен престој во Сојузна Република Германија.
