Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шумскиот пожар кај Крива Паланка не се смирува – огнот се шири кон Србија
Македонија

Шумскиот пожар кај Крива Паланка не се смирува – огнот се шири кон Србија

27/07/2025

AA

Пожар со големи размери беснее во атарот на село Нерав, Крива Паланка, зафаќајќи над 50 хектари борова шума и проширувајќи се кон територијата на општина Ранковце (село Герман), како и кон општина Трговиште во Република Србија.

Како што информираат од Општина Крива Паланка, огнената стихија била пријавена од локалното население во текот на денешниот ден, по што веднаш се активирани повеќе служби и екипи за справување со пожарот.

Во гаснењето се вклучени екипи од Територијалните противпожарни единици на Крива Паланка, Ранковце и Трговиште (Р. Србија), како и вработени од ЈП „Македонски шуми“ – Подружница Крива Паланка и жители од селата Нерав и Трговиште.

Пожарот сè уште не е ставен под контрола, главно поради тешко пристапниот терен и густата борова вегетација, и претставува сериозна закана и во наредните часови. Акцијата за гаснење ќе продолжи и утре изутрина.

Од Општина Крива Паланка апелираат до граѓаните да се воздржат од движење во шумски и планински предели, како и строго да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, со цел да се заштити нивната безбедност и да се олесни работата на екипите на терен.

Локалната самоуправа останува во постојана координација со сите релевантни институции и ќе ја информира јавноста за развојот на ситуацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
Македонија

Почина 16 годишно момче на скопските клиники – му се

26/07/2026
Македонија

Трагедија кај Градско: 81-годишен тракторист загина откако излетал од патот

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам утре водата во Гостивар повторно да биде технички

26/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје памети – најголемата почит кон жртвите е да

26/07/2026
Македонија

Ако патувате за Грција, внимавајте: Границите утре ќе работат со

26/07/2026
Македонија

ФОТО Гори парк-шумата во Гази Баба, пожарникарите интервенираат на терен

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44671
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена дрога

26/07/2026

На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19),

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот и ја влечел со возилото

26/07/2026

На 25.07.2026 во 20:30  часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24)

Почина 16 годишно момче на скопските клиники – му се слошило и паднало во бессознание

26/07/2026

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy