
Пронајдена граната од Втора светска војна во битолско
На 05.05.2025 во 15.15 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Дихово, битолско, била пронајдена граната.
Од пиротеничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од германско производство од Втората светска војна.