Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пронајден фрагмент од фреска со рака на светител при археолошките истражувања на локалитетот Градиште – Бислим
Македонија

Пронајден фрагмент од фреска со рака на светител при археолошките истражувања на локалитетот Градиште – Бислим

09/11/2023

AA

Фрагмент од фреска со рака на светител е пронајден при археолошките истражувања на локалитетот Градиште – Бислим во село Пчиња. Годинава се истражувал источниот дел од локалитетот кај откриената ранохристијанска црква. Како што наведува раководителот на ископувањето, археологот Дејан Ѓорѓиевски при истражувањето наишле на постари фрагменти од фреско декорација, со геометриска орнаментика, кои датираат од втора половина на 4 или почеток на 5 век.

– Големо изненадување за нас беше тоа што, освен што откривме геометриски мотиви во сликарството на најстарата црква, откривме и фрагмент од фреска на кој има сочувано претстава на рака на светител. Иако, се работи за мал фрагмент, тој недвосмислено кажува дека во тој дел од црквата имало насликано фигура на светец. Фигуралните, односно човечките претстави во ранохристијанското сликарство се исклучително ретки. Кај нас, најсочувани такви претстави од овој период потекнуваат од крстилницата во Стоби, град кој бил еден од најважните и најголемите епископски центри во римска Македонија. Затоа, сознанието дека ранохристијанската црква откриена во село Пчиња била украсена со претстави на светители, односно човечки фигури, претставува огромно изненадување за научната јавност, пред сè, поради навидум тешкиот пристап на овој предел до главните патни комуникации (а со тоа и до цивилизациските текови), но и поради непостоење на вакви наоди во многу поголеми и позначајни ранохристијански црковни седишта во регионот и пошироко, вели Ѓорѓиевски.

Според него, пронајдениот престол во олтарот сугерира дека ова црква веројатно имала повисок статус од првичните претпоставки на почетокот од истражувањето.

Како што појаснува, фазите на нејзината обнова кои се видливи како од внатрешната и од надворешната страна на градбата, зборуваат за долг временски интервал на нејзино функционирање и користење. Проектот се одвиваше во две фази, подготовка на самиот локалитет и само ископување, објаснува директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

– Во олтарот беше пронајден е и престол кој асоцира дека црквата веројатно било позначајна од првичните претпоставки. Густата вегетација и огромното количество на камен во делот кој го истражуваа археолозите, ја условиле годинешната мала квадратура за истражување, која сепак ги даде очекуваните резултати. Археолозите работеа во и околу новооткриената ранохристијанска црква на источниот раб на локалитетот. Во црквата беа пронајдени четири последователни подни структури кои во текот на неколку векови ја покриле најстарата црква, истакна Ѓорѓиевски и додаде дека ѕидовите и подот на најстарата црква беа целосно откриени во источниот дел на јужниот кораб на базиликата.

Таму претходно била евидентирана конструкција во која биле депонирани (оставени) скршени стаклени ламби од црковниот полиелеј, датирани во 5-тиот век.

– Истражувањата беа покриени преку годишната програма, финансирани од Министерството за култура. Планираме истражувањата и во овој и во локалитетот Градиште во Младо Нагоричане да продолжат и наредната година, аплицирани се во Министерството за култура и очекуваме да бидат одобрени повеќе средства за да продолжат археолозите со работа, изјави Миљуш Божурска.

Третиот проект на кој работата кумановските археолози е теренска евиденција за заштита на локалитетите, препознавање, утврдување на постоечките локалитетот во селата од коморскиот крај.

– Очекуваме при истражувањето на терен да дојдат и до нови локалитети кои не се познати и ќе бидат вметнати во археолошката карта, изјави Миљуш Божурска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy