Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МТЕЛ ја претставува MOVE TV: Врвна стриминг-платформа со разновидни содржини и практични опции
Македонија

МТЕЛ ја претставува MOVE TV: Врвна стриминг-платформа со разновидни содржини и практични опции

09/11/2023

AA

Групацијата Телеком Србија, преку телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, токму од Македонија го започна лансирањето на својата најнова стриминг-платформа, MOVE TV.

Оваа најсовремена OTТ платформа за телевизија, радио и видео on demand, која функционира со помош на MOVE Аndroid Box и како самостојна мобилна апликација, ја претставува постојаната посветеност на МТЕЛ за подобрување на корисничкото искуство преку обезбедување висококвалитетни содржини и напредни дигитални функции.

На своите корисници, MOVE TV им нуди пристап до широк спектар  опции за забава, вклучувајќи: повеќе од 200 телевизиски канали, од омилените регионални канали до меѓународни гиганти како Superstar, Arena Sport, HBO, CNN и Disney Channel. Важно е да се напомене дека листата на домашни, регионални и интернационални канали постојано ќе расте. Пример за тоа е дополнувањето од групата DigitAlb со каналите Top Channel и Klan Alb, со најава за нејзино натамошно проширување со сите преостанати канали од понудата на DigitAlb групата. Со помош на напредните дигитални функции како премотување и паузирање на програмата во живо, MOVE TV гарантира дека корисниците никогаш нема да ги пропуштат своите омилени програми.

„Ни причинува огромно задоволство што можеме да го претставиме MOVE TV, револуционерна стриминг-платформа која го редефинира начинот на кој корисниците ја доживуваат забавата. Со MOVE TV, ние не само што нудиме широка палета на содржини, туку им даваме и моќ на корисниците да ги следат содржините преку иновативни функции и опции за пристапност. Без разлика дали се работи за најновиот блокбастер, спортски настан или омилено радио-шоу, MOVE TV гарантира дека нашите корисници ќе може да уживаат во забавата и содржините што ги сакаат во кое било време, каде и да се“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

MOVE TV вклучува:

TВ во живо: Повеќе од 200 телевизиски канали, од омилените регионални канали до меѓународни гиганти како Superstar, Arena Sport, HBO, CNN и Disney Channel.

Видеотека: Со колекција од повеќе од 10.000 филмови и серии, вклучувајќи ексклузивни наслови од продукцијата на Телеком Србија и други познати светски продукции како HBO; BBC и АXN, MOVE TV обезбедува широк избор на легендарни и актуелни филмови и серии.

Премиум радиостаници: Корисниците можат да се приклучат на најдобрите домашни и регионални радиостаници, како што се Radio S1, Naxi Radio, TDI Radio и многу други, нудејќи разновидна музика и привлечна содржина.

Покрај оваа разновидност од содржини, MOVE TV може да се пофали со напредни функции дизајнирани да го подобрат корисничкото искуство, вклучувајќи:

Пауза и премотување во реално време: Корисниците можат да паузираат и премотуваат ТВ-содржини во реално време, овозможувајќи им да ги следат нивните омилени емисии, серии, филмови или спортски натпревари до 7 дена наназад.

Опција за користење на повеќе уреди: MOVE TV може да се користи на телевизиски уреди (или со MOVE Android Box или паметен ТВ), телефони и таблети. Со MOVE Android Box, секој ТВ уред се трансформира во паметен телевизор, обезбедувајќи беспрекорна интеграција.

Флексибилност на локацијата: Како динамична и практична платформа за стриминг, MOVE TV може лесно да се пренесува и користи на која било локација во Македонија, обезбедувајќи непречена забава за корисниците во движење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy