Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД – еве кои сектори се со најголемо намалување
Економија

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД – еве кои сектори се со најголемо намалување

18/10/2024

AA

Нов пад на прометот во индустријата регистрираше Државниот завод за статистика. Имено, во август годинава, во однос на истиот месец лани прометот е намален за 8,9 проценти.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6 проценти, Капитални производи за 18,3 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 проценти, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто.

– Прометот во индустријата, вкупно, во август во однос на јули 2024 година, е намален за 6,4 проценти. Во периодот јануари – август годинава, пак, во споредба со истиот период од 2023 се бележи пад од 12,8 отсто.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во август 2024 година е помал за 9,6 проценти. Според главните индустриски групи, опаќање се бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23 отсто, Капитални производи за 27,3 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,3 отсто, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти – се наведува во соопштението на ДЗС.

Намалување од 10,5 проценти е евидентирано и во прометот во индустријата на странските пазари, во август годинава во оснос на август лани. Според главните индустриски групи, опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,6 проценти, Капитални производи за 18,4 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.

Во август, во споредба со јули 2024, намалувањето е 6,3 проценти, додека во периодот јануари – август споредено со истиот период од 2023 година, падот изнесува 16,2 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy