Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимовски: Берзите се осетливи на политика, но не очекувам ценовни шокови
Економија

Бислимовски: Берзите се осетливи на политика, но не очекувам ценовни шокови

18/10/2024

AA

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ посочи дека проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но не очекува некои сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија

– Во делот на обезбедувањето на гас Македонија ќе нема проблеми. Гасот доаѓа од „Турски тек“, тоа е во најголем дел гас на „Гаспром“, од Турција преку Бугарија доаѓа кај нас. Единствено проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но она што го гледаме е дека и Австрија кажува ние немаме проблем да обезбедиме гас од друго место, Унгарија истото го кажува. Чешка и Словачка биле подготвени. 

Така што, не очекувам некои сериозен удар во однос на цената на гасот па понатака тоа да влијае и на електричната енергија. Можно е бидејќи вообичаено Европа во отсекогаш увезувала доста големи количини на електрична енергија од Украина. Сега енергетски голем број на производствени енергетски постројки во Украина во оваа тотално луда војна, се уништени и веќе се гледа и обратна насока на движењето на електричната енергија. Увезуваат електрична енергија и ќе видиме тоа како оваа зима ќе биде најкарактеристично бидејќи во изминативе неколку месеци се уништија најголем број на нивни производни постројки. Па ќе видиме сето тоа како ќе функционира, вели Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ сепак предупреди дека сите берзи се чувствителни на политички шокови и тоа најмногу го плаши.

– Она што го гледаме на берзите е да кажеме некоја цена од помеѓу 100 и 110 евра за мегават час.Тоа се првиот квартал на 2025 и цела 2025, тука е некаде во разлика од пет проценти. Па да видиме како ќе биде, но предизвици секогаш ќе има. Беше интерсно во изминативе неповрзано со електрична енергија природниот гас кога се навестија нападите на Иран врз Израел, цената на нафтата порасна за 10 долари. Па сега кога пројде тоа почнува да се намалува овие неколку дена. Така што, берзиве на сите енергенси се исклучително осетливи на политика што не е добро, рече Бислимоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
Македонија

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше

05/10/2026
Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува

05/10/2026
Македонија

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ КАЈ КУМАНОВО Жена со „пежо“ излетала

05/10/2026
Македонија

ОТВОРЕНА ГРАДИНКА ВО ПРШОВЦЕ ЗА 147 ДЕЦА Со пари од

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45990
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА Средбата ќе се одржи на

05/10/2026

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат в четврток во

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ ПАРИ Финансиската полиција претресува на

05/10/2026

Две лица се приведени, а Финансиската полиција врши претреси на повеќе локации во истрага за проневера на речиси 80 милиони

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy