
Променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 8 степени.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури и со умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
