
Променливо облачно со пороен дожд, грмежи и појава на град
Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=29°C. P=978hPa. U=55%. V=3m/s.
Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен,
наместа повремено засилен северен ветер.
