
Променливо облачно: Попладне пороен дожд, засилен ветер и можна појава на град
Променливо облачно со слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: променливо облачно со слаб променлив ветер. Попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Т=35°C, P=977hPa, U= 45%, V= 4 m/s
Утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен
дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²) , засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен северен ветер, a од понеделник ветерот ќе го смени правецот во јужен.