Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Чаир повеќе нема да живее во мрак!
Македонија

Османи: Чаир повеќе нема да живее во мрак!

03/09/2025

AA

Јавното осветлување е еден од најважните предуслови за достоинствен живот и безбедност на граѓаните, но состојбата во Општина Чаир е алармантна. „Цели делови од улиците, парковите и јавните простори се оставени во мрак. Од Бит-пазар и ул. Џон Кенеди, преку Топанско Поле, Стара Чаршија и Серава, нашите граѓани секоја вечер се движат низ небезбедни улици, во атмосфера на страв и несигурност,“ изјави Бујар Османи.

Тој нагласи дека проблемот не е само технички, туку длабоко симболичен. „Ова е симбол на негрижата и неспособноста на општинската власт во последните дваесет години. Наместо светлина и безбедност, Чаир беше оставен во темница – буквално и метафорично,“ рече Османи, додавајќи дека повеќе од 40% од постоечките светилки не работат, дека системот се потпира на застарена технологија од пред две децении и дека јавните набавки биле спроведувани без визија и транспарентност. „Училиштата, игралиштата и јавните собиралишта остануваат во сенка, а тоа ја загрозува безбедноста на децата, жените и постарите лица,“ потенцираше тој.

Во своето обраќање, Османи ја претстави и својата програма за промена. „Како иден градоначалник на Чаир, ќе започнам со целосна замена на застарената инфраструктура и премин кон современо LED осветлување, со што ќе ги намалиме трошоците за струја за над 60%. Ќе обезбедиме покриеност на сите јавни простори, приоритет ќе бидат училишните дворови, игралиштата, пазариштата, парковите и пешачките премини. Ќе воведеме модерен систем за далечинско управување и брза детекција на дефекти. Сите набавки и трошоци ќе бидат јавно достапни, а граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми преку мобилна апликација и телефонска линија, со гаранција дека ќе се реагира во рок од 48 часа,“ најави тој.

„Со оваа програма, Чаир конечно ќе блесне. Ќе изградиме систем кој не е само осветлување, туку симбол на нов почеток, на безбедност и доверба. Време е да го извадиме Чаир од мракот и да му дадеме светла иднина,“ порача Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy