Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таткото на Васил Јованов се изјасни дека не се чувствува виновен
Македонија

Таткото на Васил Јованов се изјасни дека не се чувствува виновен

03/09/2025

AA

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.

Обвинителот Александар Марковски истакна дека Јованов преку родителска попустливост придонел за создавање на опасната состојба.

„Во случајот станува збор за еден ноторен факт – татковата љубов спрема синот единец била голема, но резултирала со несреќна пропустливост на родителот кон синот кој се оддал и на пороци“, рече обвинителот.

Тој додаде дека обвинителството ќе докаже дека таткото придонел за опасната состојба која ја генерирал неговиот син, обвинетиот Васил Јованов.

„Факт е дека обвинетиот претходно не се судрил со законот и е офицер за пример во македонската Армија, но не сме тука да ја цениме неговата професионалност, туку што требало или не требало да направи како родител“, нагласи Марковски.

Адвокатот Сашко Дуковски, кој го застапува Зоран Јованов, оцени дека обвинението е правно неосновано и најави дека ќе бара детално образложение за секој поднесен доказ.

„Се работи за правен преседан незабележан во македонската правна историја – да го товарите таткото за дејствија на неговиот полнолетен син“, рече Дуковски, додавајќи дека ќе бара објаснување за правната релевантност на секој доказ.

На почетокот на денешното рочиште, таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, упати прашања кон судечкиот совет, барајќи судијката Снежана Марковска да се изземе од предметот.

„Редно е да се иземете од овој предмет, ова е наместено“, рече Кулаков, по што беше отстранет од судницата. Адвокатот Дуковски реагираше дека ќе го напушти судењето доколку Кулаков повторно му се обрати директно.

Зоран Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по изменет обвинителен предлог на изминатото рочиште, кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Инцидентот се случи во јануари годинава, кога Васил Јованов управуваше автомобил без дозвола и под дејство на алкохол и удри во пешачката Фросина Кулакова, која почина на местото на настанот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy