
ПРОМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ – Трајановска именувана за нов член
Ново име во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Мирјана Трајановска станува член на УО, а таа е Генерален директор за финансии на Банката.
За промените во управниот одбор на банката стигна известување на Македонска берза.
– Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 18/2025 од 24.03.2025 год. и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-13009/5 од 19.6.2025, г-ѓа Мирјана Трајановска се именува за член на Управен одбор – Генерален директор за финансии на Банката – се наведува во објавата доставена до Македонска берза.
/faktor.mk