Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОМЕНИ НА ПАЗАРОТ СО СТРУЈА ВО ЕВРОПА – Србија, Унгарија и Словенија ги споија берзите за енергија, ќе има ли пониски цени?
Економија

ПРОМЕНИ НА ПАЗАРОТ СО СТРУЈА ВО ЕВРОПА – Србија, Унгарија и Словенија ги споија берзите за енергија, ќе има ли пониски цени?

11/04/2024

AA

Србија, Унгарија и Словенија ги обединија берзите за електрична енергија. Заедничката регионална берза беше вклучена меѓу трите водечки во Европа. И тоа носи сигурност во снабдувањето со електрична енергија и го забрзува спојувањето на српскиот и европскиот пазар на електрична енергија.

Заедничката унгарско-словенечко-српска берза за електрична енергија носи повеќекратни придобивки за сите три земји – ја зголемува сигурноста во снабдувањето, ја балансира и ја олеснува трговијата со електрична енергија без административни бариери и со поволно влијание врз пазарните цени, пишува РТС.

„Оваа размена на електрична енергија ја зголемува енергетската безбедност на нашите земји и отвора можност за централноевропскиот регион да има водечка улога во енергетската интерконекција. Да не заборавиме дека станува збор за соработка меѓу земјите членки на Европската унија и земјите кандидати за членство, така што направивме уште еден чекор кон енергетската интеграција на Западен Балкан во Европската Унија“, изјави Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

Веќе во 2022 година Србија и Словенија воспоставија заедничка берза за електрична енергија.

Со потпишувањето на договорот за спојување и унгарската берза, сите три земји ја зајакнуваат не само својата енергија, туку и економските позиции на европскиот пазар. Притоа исполнуваат уште еден услов – привлекување инвестиции во обновливи извори на енергија и нивно поврзување на мрежата.

„Успеавме да го потпишеме овој голем договор кој е резултат на напорна и многу посветена работа, многу луѓе кои директно и индиректно беа вклучени во оваа важна работа“, изјави Бојан Кумер, министер за заштита на животната средина, клима и енергија на Словенија.

„Задоволство ми е да ја претставувам Владата на Србија на еден ваков важен настан, формирањето на првата Регионална берза за електрична енергија во регионот на Централна и Југоисточна Европа“, изјави Вељко Ковачевиќ, државен секретар во Министерството за рударство и енергетика на Србија. .

Во Регионалната берза, српскиот преносен систем-оператор „Електромреза Србија“ има удел од 25 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy