Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕРКАТА И СИНОТ НА СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ, ДРАГАНА И ЈАНЕ, ВЛЕГУВААТ ВО БОРДОТ НА „ТИКВЕШ“ – еве кој си заминува, а кои се и другите промени
Економија

ЌЕРКАТА И СИНОТ НА СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ, ДРАГАНА И ЈАНЕ, ВЛЕГУВААТ ВО БОРДОТ НА „ТИКВЕШ“ – еве кој си заминува, а кои се и другите промени

11/04/2024

AA

Двете деца на Светозар Јаневски, Драгана
Јаневска и Јане Јаневски, стануваат директори во успешната компанија која ја
создаде овој познат бизнисмен, винарската визба „Тиквеш“.

Тоа е објавено на Централниот регистер, а се
наведува дека како одлука е донесено од Управниот одбор на компанијата на 29
март оваа година.

Па така, Драгана Јаневска, ќерка на Светозар,
која е магистер по сајнс маркетинг, станува членка на Одборот на директори на АД
„Тиквеш“ Кавадарци, а исто така член во Одборот на директори станува и Јане
Јаневски, еден од двата сина на Светозар, кој е дипломиран економист, како што
е наведено во Централниот регистер.

Додека, пак, член на Управниот одбор
престанува да биде Џон Кирил Јоновски, со потекло од Австралија, кој
своевремено имаше купено и одредена количина акции од оваа успешна компанија.

А, има и други промени во органите на
управување и раководење на компанијата, согласно информациите од Централниот
регистар.

Па така, новата директорка на компанијата,
која пред неколку месеци беше поставена на челната позиција на винарската
визба, Бранка Славеска, го презема менаџирањето, односно станува овластено лице на сите подружници на винарската визба, што се смета дека е всушност
консолидацијата која уште пред извесен период ја најавија извори на Фактор. Па
така, Славеска, која е дипломиран машински инженер и магистер по бизнис
администрација, станува овластено лице на АД за производство и промет со вино ВВ
„Тиквеш“ подружница Кавадарци, на стовариштето во Скопје, односно Гази Баба, на
управата на компанијата во Скопје, на магацинот за готови производи во
Кавадарци, на магацинот Ќојлија во Петровец, како и на продавниците на
винарската визба во Скопје и во Кавадарци.

Додека, пак, Светозар Јаневски кој се досега
беше на позицијата овластено лице на овие поддружници, повеќе нема да ја имаа
таа фунција, и на негово место ќе биде Бранка Славеска, стои во Централниот регистер.

За
нештата да станат појасни треба да се наведе дека мнозински и доминантен
сопственик на ВВ Тиквеш Кавадарци е трговското друштво за инжинеринг и услуги
во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,8 отсто проценти од Тиквеш. Оваа
компанија има и други акционери, но никој од нив нема пакет од над 5 отсто.
Всушност, компанијата има уште 434 акционери домашни физички лица, кои вкупно
поседуваат 14,32 отсто од акциите на визбата, и уште девет фирми акционери, кои
располагаат со вкупно 6,36 проценти од акциите на компанијата.

Е
сега, во М-6 ДОО, пак, доминантен сопственик е фирмата М-6 ЕДЕН ДОО, која
поседува 92 отсто од М-6, додека преостанатите 8 отсто во М-6 ги поседува Милан
Ивановски.

Додека,
пак, М-6 ЕДЕН ДОО има тројца сопственици и сите тие поседуваат по една третина,
односно по 33,33 проценти од акциите, а тоа се децата на бизнисменот Светозар
Јаневски, односно Драгана Јаневска, Кирило Јаневски, и Јане Јаневски, како и
Светозар Јаневски, за кого е наведено дека на друг начин остварува контрола на
правното лице.

Инаку, на Берзата завчера беше објавено дека на вонредното акционерско собрание кое се одржа на 8 април, се усвоила одлуката на УО за пристапување кон долг, и тоа на прилично значајна сума од над 12 и пол милиони евра. Всушност, се дава согласност друштвото
да пристапи кон три договори.Првиот е договор за
одобрување на долгорочен кредит со својство на извршност од 26 јануари оваа
година, на износ до 12,6 милиони евра. Вториот е договор за
рефинансирање на побарувањата на банката кои датираат од крајот на март 2019
година, на износ од 6,93 милиони евра. И третиот е договор за одобрување на
долгорочен кредит од крајот на декември 2019 година на износ од 120 илјади
евра, склучени помеѓу Комерцијална банка и М6 ЕДЕН ДОО Скопје.

Како што веќе претходно пишувавме, нашите сознанија говорат дека всушност овој кредит го зема М-6 ЕДЕН
ДОО, и тој субјект ќе ги враќа
парите, но потребна е гаранцијата од Тиквеш како голема
и моќна компанија. За тоа зошто е потребен овој заем, тогаш напишавме дека станува збор за некои консолидации кои треба да се направат внатре
во компанијата, всушност консолидација на целата приказна околу Тиквеш.

Дали преземањето на Славеска како овластено
лице на сите подружници на „Тиквеш“ е дел од таа консолидација, засега нема
прецизни информации.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy