Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Промашија пенал и им поништија два гола: Трабзон на Барди елиминиран од КЛ!
Спорт

Промашија пенал и им поништија два гола: Трабзон на Барди елиминиран од КЛ!

24/02/2023

AA

Енис Барди остана без пласман во осминафиналето од Конференциската лига, откако неговиот Трабзонспор вечерва загуби на гостувањето кај Базел (0-2) со што не ја сочува минималната предност од првиот меч во Турција (1-0).

Тимот на македонскиот репрезентативец долго ќе жали за пропуштената шанса со оглед што во 27. минута промаши пенал за изедначување по воведниот гол на домашинот преку Амдоуни во 13. минута. Потоа следуваше поништен гол од ВАР поради офсајд, што Швајцарците го казнија со втор погодок преку Заќири. Турците уште еднаш ја затресоа мрежата во 92. минута, што ќе им донесеше продолженија, но судиите одново досудија офсајд. Барди на оваа средба ги одигра последните десетина минути.

Полски Лех со еден гол во два меча го елиминира Бодо Глимт по норвешките 0-0, додека Фиорентина го доби и вториот дуел со Брага (3-2) и тоа откако гостите ги постигнаа првите два гола. Гент и Карабах играат продолженија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy