Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОИЗВОДИТЕЛИ: „Акуо Енерџи“ и „Митилинеос“ ќе се збогатат за кратко време во Македонија
Економија

ПРОИЗВОДИТЕЛИ: „Акуо Енерџи“ и „Митилинеос“ ќе се збогатат за кратко време во Македонија

12/02/2024

AA

Производители, односно сопственици на фотоволтаични централи, кои го контактираа „Фактор“ ужажуваат дека електричната енергија која ќе му ја продаваат „Акуо Енерџи“ и „Митилинеос“ како стратешки инвеститори на ЕСМ изгледа доста скапо, со оглед на поволностите од државата кои ги добиваат овие стратешки инвеститори.

Сопствениците на фотоцентралите, кои по редовна постапка си ги платиле сите дозволи, земјиште, приклучок кон МЕПСО и комуналии, велат дека произведената електрична енергија во моментов тие на трговците им ја продаваат за 50 евра од мегаватчас, односно ја предаваат поевтино од договорената за „Акуо Енерџи“ и „Митилинеос“ и покрај тоа што немаат државни привилегии како нив . 

Тие велат дека почетната цена од 56 евра за мегаватчас по која ЕСМ ќе ја купува од „Акуо Енерџи“ и нивниот соларен парк „Стипион“ ќе ја врати нивната инвестиција за кратко време и потоа ќе следуваат огромни годишни добивки.

Соларниот парк ќе се гради на земјоделско земјиште каде што првично беше планирана изградба карго-аеродром во Штип. Инвестицијата е во висина од 270 милиони евра за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 400 мегавати. Од власта претходно тврдеа дека цената ќе биде многу пониска од берзанската.

„Тоа е цена (56 евра) што ќе расте со инфлацијата, а при тоа договорот за откуп е загарантиран за 30 години. Ние како инвеститори, кои не сме стратешки, ја продаваме нашата електрична енергија на трговци за 50 евра по мегаватчас и тоа на договори од едвај само 7 години. Оваа „загарантирана“ цена ќе ја направи инвестицијата на Акуо Енерџи брзо исплатлива и ќе биде богатење на грбот на народот“, велат произведувачите со кои разговараше „Фактор“, кои засега бараат да останат анонимни.

Нивната практична пресметка покажува дека францускиот инвеститор годишно ќе заработува по 33,3 милиони евра и тоа без речиси никакви трошоци, што значи дека за брзо време ќе ги врати вложените пари назад. Нивните анализи покажуваат дека инвестицијата ќе се врати за шест до седум години, а се друго понатаму ќе биде огромен ќар. 

„Покрај тоа, државата никаде не откупува електрична енергија со договори. Тоа го прави само ако во прашање се нуклеарни централи. Државата може само вонредно да купи струја на аукции. Покрај тоа со ваков загарантиран откуп на електрична енергија, трошоците за балансирање се непредвидливи.“, велат застапниците на странски инвеститори кои доаѓаат од земји како Турција, Израел и Италија за да градат соларни паркови во Македонија. Дополнително, за нив е нејасно и тоа како е договорена годишната цена од 0,14 денари за метар квадратен земјиште.

Грчката компанија „Митилинеос“, која ќе треба да изгради нова гасна централа на просторот на поранешна „Железарница“, ќе добие од државата 50 милиони евра, во рок од пет години, за кога е најавена целосната изградба. Со инсталирана моќност за производство на електрична енергија од 130 до 165 мегавати и топлинска енергија од 90 до 105 мегавати, оваа инвестиција делува нереално ако чини 290 милиони евра, колку што велат од Владата.

„ Делува 60 отсто повеќе пари од една реално таква инвестиција. Но и покрај тоа, нашите пресметки се дека парите ќе ги вратат за само две години по она што го гледаме од договорот. Тие ќе тргуваат гас преку Грција по, ако ја земеме моменталната цена, 25 евра по мегаватчас, а продажната цена на електрична енергија, по она што можеме да видиме, за ЕСМ ќе биде помеѓу 80 и 90 евра. Пет милиони евра годишно ќе направи добивка само од маржата на гасот како трговец“, велат производителите кои најдобро ја познаваат ситуацијата на пазарот.

Државно земјиште, банкарски гаранции, финансиска помош од државата и ослободување од еколошки даноци се некои од поволностите што ќе ги добијат четирите стратегиски инвеститори за изградба на капацитети од обновливи извори. На брифинг со новинарите вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот за развој и инвестиции на ЕСМ, Виктор Андонов, појаснија дека преговорите со овие инвеститори траеле повеќе од две години, а придобивката од овие инвестиции е енергетска независност на државата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле

18/02/2026
Македонија

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три

18/02/2026
Македонија

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители –

18/02/2026
Македонија

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60

18/02/2026
Македонија

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО

18/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле две возила кај Кучевишка Бара

18/02/2026

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера, (17 февруари 2026 година), на стариот

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три жени мета на измамници

18/02/2026

Серија измами го тресе Тиквешкиот регион. Три жени од Кавадарци и Неготино станаа жртви на добро познатите шеми со „лажни

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители – „Ме одбија со небулозно оправдување

18/02/2026

Владимир Панчевски, кандидатот за државен јавен обвинител кој вчера не ја доби довербата од Советот на јавни обвинители, најави жесток

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy