Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОИЗВОДИ КОИ НАЕДНАШ ПОСКАПЕА ПОРАДИ НОВАТА ВОЈНА: Тоалетната хратија е на врвот на листата со покачување од 30 отсто
Економија

ПРОИЗВОДИ КОИ НАЕДНАШ ПОСКАПЕА ПОРАДИ НОВАТА ВОЈНА: Тоалетната хратија е на врвот на листата со покачување од 30 отсто

13/10/2023

AA

Војната меѓу Израел и Хамас ја потресе светската економска
слика, која и онака не беше сјајна,
па така деновиве цените на нафтата имаа драстичен скок. Тоа повлекува и поскапување на многу
производи, бидејќи како што растат цените на суровата нафта, така и заканата од
висока инфлација повторно ја зафаќа светската економија.

Зголемување на цените
на енергијата

Поскапувањето на енергенсите во последните години стана
горлив проблем кој влијае на глобалната економија, но и на секојдневниот живот
на граѓаните. Зголемувањето на цените на нафтата, гасот и јагленот директно се
рефлектира на трошоците за транспорт, производство на енергија и греење на
домовите. Освен што го оптоварува буџетот на домаќинствата, ваквата состојба
доведува и до зголемување на цените на многу производи и услуги, што
дополнително ги зголемува инфлаторните притисоци.

Цената на тоалетната
хартија,
бришачите и се што е од целулоза се
зголемува за 30 отсто

Цената на целулозата
во Кина постојано се зголемува, што може сериозно да влијае на растот на
цената на тоалетната хартија и бришачите во Европа. Се проценува дека овие
производи ќе поскапат за цели 30 проценти и дека никој нема да го избегне овој негативен светски тренд.
Поскапувањето на овие производи е надополнето и со скокот на цената на
енергенсите, кои се двигател на скапите машини, а кои се неопходни во производството.

Поскапува шеќерот

Според податоците на Лондонската меѓународна берза ICE,
цените на фјучерсите на шеќерот (терминологија
за договор за купување и продажба, според кој испораката и плаќањето ќе
се врши во иднина) биле на врвот на 19 септември, кога надминале 27,5 центи за
0,453 килограми шеќер. Побавната обработка на шеќерната трска во Бразил, како и
моменталната суша во некои индиски региони поради климатскиот феномен Ел Нињо
ги загрижува трговците.

Се зголемува и цената на маслиновото масло

Тоа не е се, екстремните горештини на кои е изложен јужниот
дел на Европа од април го земаат својот данок на маслинови дрвја – втора година
по ред родот ќе биде помал од очекуваното бидејќи дрвјата за да да се заштитат
од суша и жештина, да им го испуштат плодот порано, а резултатот е поскапување
на маслиновото масло. Шпанија, најголемиот светски производител на маслиново
масло, е најпогодена од глобалното затоплување. Температурите во април веќе
достигнаа 40 степени Целзиусови, а од високите горештини страдаат и маслинови
насади во Италија и Грција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy