Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска: Нема никаков недостаток на возачи во ЈСП, знам дека сум таргет на сите најголеми политички чинители во државата!
Македонија

Арсовска: Нема никаков недостаток на возачи во ЈСП, знам дека сум таргет на сите најголеми политички чинители во државата!

13/10/2023

AA

Нема никаков недостаток на возачи во Јавното сообраќајно претпријатие, напротив сега има нови 36 лица што се приклучиле на последниот јавен оглас. Значи има интерес за лица кои сакаат да работат и да живеат во Македонија, а не надвор од нашата држава, и тој што го пласира тоа за да сее страв и да изврши некаков притисок во јавноста преку медиумите и да влијае на самиот углед на претпријатието, ќе си добие соодветна пријава. Таа нема да биде за клевети туку за кривично дело, затоа што ова веќе ги надминува сите граници на нашето нормално живеење и комуницирање со јавноста, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во одговор на новинарско прашање во врска со бројот на возачите во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Таа на денешната прес-конференција при потпишувањето на Меморандум за соработка со НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, повтори дека немаат примено никакви дотации од Владата и покрај тоа што претходно се примале милиони евра и дека ЈСП продолжи да функционира и за време на криза со 400 до 500 проценти поскапени енергенси без, како што посочи, да се добие ниту еден денар дотација.

-Не може некој да сее страв и паника меѓу граѓаните, а тие секојдневно да се прашуваат дали ќе стигнат на своето работно место или не, затоа што некој си дозволува неказнето да пласира невистини по јавноста и медиумите, изјави Арсовска и замоли прашањата за ЈСП да се испратат директно до претпријатието за да се добијат информации од прва рака.

За ситуацијата со приватните превозници и тврдењата дека немаат примено приходи од август, таа вели дека тоа се невистини, политички манипулации и лаги.

-Некој се обидува свесно да наштети, знам дека сум таргет на сите најголеми политички чинители во државата, јасно ми е дека коалицијата СДСМ-ДПМНЕ функционира перфектно. Секој ден се што имаат да пласираат, напаѓаат само еден човек. Јас тоа го гледам секојдневно, потенцираше Арсовска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44996
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва на насилство, заслужува крајот на

13/08/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која поминала 17 и пол години

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони евра во „Државна лотарија“: Злоупотребена

13/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy