Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прогласена е вонредна состојба во Велика Британија поради поплавите
Македонија

Прогласена е вонредна состојба во Велика Британија поради поплавите

06/01/2024

AA

Велика Британија е погодена од големи поплави откако изобилните дождови предизвикаа излевање на реките од коритата. Поплавите ја прекинаа железничката служба, а властите предупредија дека водите може да се зголемат во наредните денови.

„Очекував поплави, но не толку големи. Загрижена сум за тоа колку високо е нивото на реките. Се прашувам дали навистина треба да префрлам уште некои работи горе“, изјави Ерика Ален, жител на Колингем.

Бурата што донесе силни ветрови вчера остави под вода повеќе од 1.000 домови и деловни објекти, соопштија властите. Зградите и автомобилите беа потопени додека улиците се претворија во потоци, обработливото земјиште исто така е под вода.

„Тоа е едноставно ужасно. Вознемирени, лути и исплашени сме. Се плашиме да дознаеме што треба да направиме за да вратиме се повторно во ред“, додаде Џек Лотон, жител на Колингем.

Меѓу надојдените реки е и Трент во централна Англија, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба. Премиерот на Велика Британија Риши Сунак ги посети поплавените подрачја.

„Разговарав со луѓето кои беа погодени за тоа колку е разорно влијанието на поплавите. Сакаме само луѓето да се уверат дека агенцијата за животна средина има луѓе на терен во сите погодени области“, изјави Риши Сунак, премиер на Велика Британија.

Лондонската противпожарна служба синоќа соопшти дека морала да придружува околу 50 луѓе на безбедно, откако канал се излеа во источниот дел на главниот град. Агенцијата за животна средина предупреди дека влијанието од поплавите може да трае уште пет дена. Невремето во последните денови предизвика поплави и во други делови на Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот

29/10/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен

29/10/2026
Македонија

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека

29/10/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА РАБОТИ ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ Василевска со обвинувања за политиките

29/10/2026
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46446
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy