Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Професор Трајковски:: Македонија подобра од Франција и Германија, а полоша од Либија, Гвајана и Сенегал
Економија

Професор Трајковски:: Македонија подобра од Франција и Германија, а полоша од Либија, Гвајана и Сенегал

06/06/2025

AA

Професорото Дејан Трајковски смета дека тоа што Македонија има раст на БДП од 3,2 отсто во првото тромесечије од годината не значи дека сме „брзорастечка економија“, како што смета премиерот Христијан Мицкоски.

„Тешко на оној народ и онаа земја каде власта секој ден смислува нова приказна за негово замајување и дефокусирање. Најновата е за нашиот „невиден“ и „епохален“ успех, со раст на БДП (бруто домашниот производ) од 3,2%, па и 3,5%. Се прават споредби со Германија (0% раст) или Франција (0,4%), ама не кажуваат дека Либија, Гвајана и Сенегал имале стапки на раст од 17,3%, 10,3% и 8,4% соодветно. 
Се премолчува фактот дека Германија или Франција се матурирани економии, со висок БДП кој веќе достигнал плафон, односно заситување. Од друга страна, најголем раст има во најнеразвиените земји или во земјите кои штотуку излегле од разни премрежија. За Либија, којашто одвај закрепнува по граѓанската војна, сигурно не може да се каже дека е економско чудо, без оглед на високата стапка на раст. Вистинско чудо е Полска, која одржува високи стапки на раст последниве две децении и речиси се изедначила со Јапонија.

Каде е тука Македонија? Во првото тримесечие (Т1) од 2025 година, Македонија се наоѓа на 105-тата позиција на ранг листата од 229 земји во светот, со 12-месечна стапка на раст на БДП од 3,2%. Во „златната средина“, би се рекло, но далеку од нешто спектакуларно.

Да не заборавиме дека Владата инјектирала 250 милиони евра од унгарскиот кредит во општините и уште 89 милиони евра во приватните компании, коишто со 339 милиони евра придонеле кон порастот на БДП од 15 милијарди евра за околу 2,3%. Ако не биле овие позајмени и потрошени пари, растот би бил под 1%. Парите се потрошиле, БДП се кренал колку што се кренал, а долговите ни останаа. Сигурно е дека општините повеќе нема да го креваат БДП со парите потрошени на разни тротоари и паркинзи“, пишува Трајковски.

Професорот од битолскиот универзитет додава дека во таква ситуација Македонија својот евентуален успех треба да го споредува со БДП-то од своите претходни квартали, но и да се земе во предвид и стапката на инфлација.

„Забележуваме дека последната, многурекламирана и „спектакуларна“ стапка на раст е рангирана на 40-та позиција од вкупно 90 тримесечија. Секој ќе се согласи дека таа е далеку од спектакуларна, дури и за македонски прилики. Дури и ако работиме со стапките со вклучена инфлација, порастот од 6,02% има ранг 44 од 90, односно сосема просечен раст.

За да прогласиме едно извонредно тримесечие, со годишна стапка на раст што неслучајно (статистички значајно) е поголема од просекот, годишната стапка би требало да надмине 6,60%, што се докажува со статистички анализи. Сé друго е случајност, а не тренд, лажење на другите и лажење на самите себе“, аргументира Трајковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42374
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата го приведе!

11/04/2026

На 10.04.2026 во 17:50 часот во с.Блатец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(44) од с.Блатец

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца странци

11/04/2026

Двајца мажи, на возраст од 36 и 40 години, со државјанство на Швајцарија и Германија и престој во битолското село

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026

Можно е ново намалување на цените на горивата во земјава, откако надлежните најавија дека на следната седница ќе се разгледува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy