Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: „Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан“
Економија

Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: „Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан“

10/03/2025

AA

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.

„Тоа што ме импресионираше од вас лично и од Комората се отвореноста за соработка и практичниот пристап, кој го немаше во науката, но и ден-денес го нема поради нејзината специфичност. Меѓутоа, Вие и Комората, на некој начин, ги отворивте вратите и покажавте дека таа соработка може да биде функционална, реална и да даде практични резултати“, истакна проф. Лазаров.

Во поткастот гостите направија ретроспектива на активностите на Комората во кои биле вклучени. Проф. д-р Лазаров зборуваше за Конференцијата во Охрид, на која на едно место биле собрани претставници на бизнисот, академијата, универзитетите, Комората и на Владата, за да дискутираат за креирање стратегија за економски развој на државата. Проф. Лазаров потенцираше дека на Конференцијата, која имала цел да ги доближи сите чинители од научната фела, од бизнисот, преку Комората, и од Владата во процесот на креирање подобри економски политики, тој и претседателот на Комората Азески биле единствените што имале коавторски труд, со што покажале дека академијата и бизнисот можат заеднички да дејствуваат и да ги усогласат ставовите во насока на креирање подобри економски политики.

Од Конференцијата на Економскиот факултет при УКИМ Скопје, организирана од Комората и од Министерството за образование и наука,  проф. Кикеркова нагласи дека останала запаметена изјавата на претседателот Бранко Азески дека во наредните 10 години централната улога ќе ја има врската меѓу образованието и бизнисот, a вистинскатафункција на Комората ќе биде остварување на таа врска, која веќе денес станала реалност.

Проф. Кикеркова зборуваше и за формирањето на Европскиот информативен центар во рамките на Факултетот и на Регионалниот центар за обука на Светската царинска организација, воспоставен во соработка со Царинската управа на Република Македонија и со Светската царинска организација.

Како професор, работејќи на состојбите во надворешната трговија, Кикеркова нагласи дека постојат два проблема што го отежнуваат брзиот премин на границите: 1) процесот на дигитализација на царинското работење, при што Македонија е пред земјите од Западен Балкан, што создава проблем затоа што не може да се поврзе со другите земји бидејќи во регионот нема такви платформи за царинско работење, па затоа документите мора да се издаваат и во електронска и во хартиена форма, што го зголемува чекањето на границите за најмалку 2 часа и 2) непризнавањето на статусот на овластениот економски оператор, но не само кај нас, туку и во Европа, затоа што не постои меѓународно признавање на националниот статус овластен економски оператор, кој гарантира за документите на товарните возила, што би значело брзо поминување на товарните возила по зелената лента на граничните премини, без да се проверуваат нивната документација и нивниот товар.

„Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив. Нашите платформи немаат на што да се надоврзат бидејќи другите земји немаат такви платформи, па така нашите надворешнотрговски компании оператори мора да ги подготвуваат документите и во електронска и во хартиена форма, со што се забавува движењето на границата најмногу до два часа“, истакна проф. Кикеркова.

Во продолжение на поткастот проф. д-р Дарко Лазаров зборуваше за извозните активности на нашата земја. Тој нагласи дека, според направената студија за извозот во рамките на Комората, Македонија има плитка извозна структура, што значи дека мал број компании со мал број производи кои се пласираат и со мал број извозни пазари ја чинат извозната структура на македонската економија.

Според студијата, само ТОП 25 извозни производи учествуваат со 70 % во вкупниот извоз, само ТОП 25 извозни компании учествуваат со 90 % во вкупниот извоз на македонската економија, само 400 компании извезуваат со вредност поголема од 1.000.000 евра или само 1300 компании извезуваат со вредност од над 100.000 евра.

„Производите што се извезуваат се производи со ниска додадена вредност (текстил, базични метали), а оние што ги извезуваат странските компании, со високо ниво на комплексност, се производи чија додадена вредност не се произведува во Македонија, туку во друга земја, па затоа додадената вредност на нашиот извоз е многу мала, а увозната компонента е релативно голема. Тоа значи дека фокусот не треба да го ставиме на раст на извозот, туку на раст на додадената вредност на производите“, потенцираше проф. Лазаров.

Линк до видеото

https://youtu.be/gQz3EUndC14?si=Ryhp4U3owO5JHGRL

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy