Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРАНЦИТЕ БАРАЛЕ ГОЛТКА И ГОЛТКА ПОВЕЌЕ ОД МАКЕДОНСКОТО ВИНО, НО И МАКЕДОНЦИТЕ „НЕ ПОПУШТААТ“ – како „Тиквеш“ на Светозар Јаневски лани инаксираше приходи од 60 милиони евра
Економија

СТРАНЦИТЕ БАРАЛЕ ГОЛТКА И ГОЛТКА ПОВЕЌЕ ОД МАКЕДОНСКОТО ВИНО, НО И МАКЕДОНЦИТЕ „НЕ ПОПУШТААТ“ – како „Тиквеш“ на Светозар Јаневски лани инаксираше приходи од 60 милиони евра

10/03/2025

AA

Ако Македонија
навистина може да се пофали по неколку работи, една од нив секако е и доброто
вино. А ако некоја компанија знае да направи добро вино, тоа секако
дека е најголемата винарија во земјава и на Балканот, кавадаречки „Тиквеш“. 
Впрочем, лани
остварените приходи доволно говорат сами за себе. Имено, Билансот на успех на
винарската визба поседувана и раководена од познатиот бизнисмен Светозар
Јаневски покажува дека во текот на минатата година оваа компанија успеала од
продажбата на вино да инкасира близу 60 милиони евра, или прецизно 58,4 милиони
евра. И тоа е одличен раст за 15 отсто во однос на претходната година.

Сепак, во
компанијата морало да се направат и соодветни трошоци, па овие богати продажни
приливи не резултирале со исто толку фантастичен пораст на пофитот, туку со
нешто помал, односно со раст за 3 проценти. Што, секако, е резултат за почит,
бидејќи ретки се оние фирми кои можат да се пофалат со нето добивка од 4,5
милиони евра.

Да видиме како
работел „Тиквеш“ во минатата година, но она што можеме да го констатираме
гледајќи ги нејзините финансиски извештаи, секако дека е фактот дека таму нема
некои големи изненадувања.

Уште еднаш да
повториме, приходите од продажбата се 58,4 милиони евра. И, неодминлив е впечатокот
дека добриот вкус на виното на оваа винарија во текот на минатата година
повеќе знаеле да го ценат странците, отколку домашните купувачи, иако и тие не
престануваат да и ја даваат дповербата на оваа добра голтка.

Или, како приходи
од продажба на домашен пазар се инкаирани 25,8 милиони евра, одличен прилив,
кој патем, бележи и раст за 11 отсто во однос на една година претходно, односно
2023 година.

Затоа, пак, на
странските пазари, и повеќе е извезено винотои на оваа компанија, но има и
поголем раст кај извозот. Односно, приливите од продажба од странскиот пазар се
над 32,6 милиони евра, и таму зголемувањето е за дури 18 проценти.

Кај трошоците на
продадените производи нема голем раст, и тие изнесувале 31,8 милиони евра, што
е покачување за 5 отсто.

Сето ова
резултирало со бруто добивка од 26,7 милиони евра, или кај неа имало одличен
пораст за 30 отсто.

Но, значајно се
зголемени и трошоците за продажба и маркетинг, односно дистрибуција на
производите, коим изнесувале 6,4 милиони евра и чии пораст е за дури 28 отсто. А, и
административните трошоци се зголемиле за 8 отсто и достигнале 3,1 милиони
евра.

Но, кога на овој
минус ќе му се спротивстави плусот од останати оперативни приходи од 2,1
милиони евра, но и вредносното усогласување од 13,6 милиони евра и чии раст е
за 48 проценти, се добива дека „Тиквеш“ ја завршил ланската година со оперативна
добвивка од 5,7 милиони евра, што е зголемување за 4 отсто во однос на една
година претходно.

Но, компанијата
остварила многу помали финансиски приходи, од само 70 илјади евра, во однос на
финансиските расходи кои достигнале ниво од дури 936 илјади евра, и чии раст е
за 41 процент, па поради нивната многу поголема висина од финансиските приходи,
на крај излегува дека добивката пред оданочување била 4,8 милиони евра, а после
плаќањето на данокот таа е 4,5 милиони евра, што е всушност скромен раст од 3
проценти.

Посебен осврт
може да се даде на анализата на добивката според природата на трошоците, а кои
говорат дека трошоците за суровини и други материјали изнесувале 22,7 милиони
евра, и кај нив имало раст за 19 отсто, додека, пак, услугите со карактер на
материјални трошоци биле на ниво од 10,9 милиони евра.

А, компанијата
покажала грижа и за своите вработени, исплаќајќи им за плати и надоместоци сума
од вкупно 4,6 милиони евра, што е одличен раст за 13 проценти во однос на
истиот период од минатата година.

Тиквеш лани не подели дивиденда од добивката за 2023 година, а од компанијата нагласуваат дека парите отишле главно за инвестиции, на сума од 4,2 милиони евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy