Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжува трендот на силен раст на Македонски Телеком и во првoто полугодие на 2024 година
Економија

Продолжува трендот на силен раст на Македонски Телеком и во првoто полугодие на 2024 година

01/08/2024

AA

Македонски Телеком го
продолжи трендот на раст и испорача силни финансиски резултати во првото
полугодие на 2024 година. Успешното работење се должи на стратешките инвестиции
во развој на мрежата и нови технологии, коишто доведоа до  супериорни услуги и корисничко искуство.

Нето
добивката е во пораст од 7,4 проценти, а приходите од продажбата се зголемени
за 2,5 проценти во споредба со истиот период од претходната
година и изнесуваат 5.965 милиони денари. Оперативната добивка пред камати,
оданочување и амортизација (EBITDA) е благо намалена за 0,4 проценти споредено
со минатата година.

Супериорно
корисничко искуство и зголемување на базата на корисници

Продолжува трендот на зголемување на бројот
на корисници во сите сегменти. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е
зголемен за 3,3 проценти и изнесува 213 илјади, а вкупниот број на интернет
пристапи порасна за 3,3 проценти. Базата на корисници се зголеми и во мобилните
комуникации и достигна  1,3 милиони. Во
фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со 230 илјади корисници. 

Со првата дигитална програма за наградување
и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 190.277 корисници.
Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на
задоволството на корисниците, што е резултат на нашата посветеност да
обезбедиме врвно корисничко искуство и многу повеќе од комуникациски услуги за комерцијалните
и за деловните корисници.

Лидерство на ТВ пазарот со новата
телевизија MagentaTV  

Во однос на ТВ пазарот, ја зацрстивме лидерската
позиција со удел од 35% од вкупниот ТВ пазар. Новата дигитална телевизија –
MagentaTV станува сè попопуларна поради напредните карактеристики и иновативното
ТВ доживување коешто им го нуди на корисниците. На крајот на првото полугодие од
годината бројот на ТВ корисници се зголеми за 3 проценти, со што базата на
корисници достигна 153,2 илјади.   

Инвестиции и развој на најдобрата мрежа

Постојаните вложувања во мрежната
инфраструктура го зајакнуваат статусот на најдобра
мрежа
. Остануваме лидери во покриеност со оптика доследни на нашиот фокус
на ширењето и инвестициите во оптичката мрежа и денес имаме 330 илјади пристапи
до оптика, што е за 13,9% повеќе споредено со истиот период од претходната
година. Нашата 5G мрежа продолжува да се шири и е достапна за 92% од
населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите  градови. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX)
на крајот од првите шест месеци од 2024 година изнесуваат 721 милион денари. Продолжуваме
да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за
да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги.

Зголемување на
дивидендата и дивидендниот принос

Успешните резултати на компанијата
доведуваат и до повисока дивиденда за акционерите.  Бруто износот на дивидендата по акција за
2023 година е зголемен за дури 33% во споредба со исплатената дивиденда по
акција за 2022 година. Исто така, зголемен е и дивидендниот принос од акциите
за 26% во однос на минатата година и изнесува 6,7%. Цената по акција од почетокот
на 2024 година до крајот на првите шест месеци е зголемена за 6,9%.
Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство одат во
вистинската насока и се препознаени од корисниците. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy