Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов државен рекорд! Која банка од камати направи чисти 50 милиони евра за шест месеци?
Економија

Нов државен рекорд! Која банка од камати направи чисти 50 милиони евра за шест месеци?

01/08/2024

AA

Нето приходи од камати 50 милиони евра, солиден е приходот од надоместоци, пристоен раст на кредитирањето со соодветно зголемување на резервациите. Сума сумарум 29 милиони евра нето добивка за половина година. Умерен и пристоен раст по сите основи, зајакнување на пазарната позиција, ова се клучните поенти кои ќе ги зарадуваат сите акционери на Стопанска банка Скопје. И да се знае, во овие шест месеци нивото на депозити и заштеди е зголемено за една милијарда денари.

И Стопанска банка Скопје има бројни и убави новости за своите акционери. Умерен раст по сите витални параметри, подобрување на пазарната позиција, раст на кредитното портфолио. Стопанска банка Скопје во чекор со својата конкуренција носи бројни убави новости за своите акционери и ја зголемува атрактивноста за идните инвеститори.

Во првите шест месеци годинава оваа банка оствари извонредни нето приходи од камати. За прв пат во нејзината корпоративна историја нето приходите од камати надминаа 50 милиони евра. Во споредба со истиот период лани резултатот е подобар за 7,8 милиони евра. Очигледно дека којнјуктурата на европско тло, а и оперативната политика на напата централна банка со каматните стапки и тоа како им оди во прилог на големите банки. Тие добро знаат да ја менаџираат својата поставеност во финансискиот систем на Македонија.

Втората по големина приходна ставка книжи за нијанса послаб резултат од лани. Нето приходите од провизии и надоместоци се на ниво од 7 милиони евра. Од останати приходи реализацијата е 4 милиони евра. И плус од курсни разлики вреден 1,28 милиони евра.

Сума сумарум Стопанска банка Скопје за првите шест месеци годинава направи нето приходи од сите дејности во вредност од 62,5 милиони евра. Евала!

На трошковната страна најголема ставка се резервациите за кредити. Но тоа не значи дека тоа ќе биде расход. Тоа е само резервација која ако нема ризички кредити ќе ги зајакне приходите и во крајна линија добивката. Заради својата кредитна активност банката во овој период резервирала 12,38 милиони евра. Односно нешто повеќе од 1,5 милиони евра повеќе од лани.

Втора односно реално најголема расходна ставка се трошоците за вработените. За нив банката издвоила 9,14 милиони евра. Исто како и кај конкуренцијата и оваа банка ги зголемила своите трошоци односно грижата за вработените за еден милиони евра во споредба со истиот период претходната година.

Кога ќе се подвлече цртката Стопанска банка Скопје е во добивка 29 милиони евра. При тоа со 3,2 милиони евра платен данок спрема државата.

Од билансот на состојба е видно дека умерено расте кредитирањето. На крај на јуни годинава е на ниво од над 1,5 милијарди евра. Односно нето кредитирањето овие шест месеци пораснало за 16,26 милиони евра повеќе во однос на 31 декември лани. Но затоа пак вложувањата во државни обврзници пораснале за безмалку 50 милиони евра. На крај на јуни годинава оваа банка (во најголема мерка н.з.) во обврзници на нашата држава чува 233,5 милиони евра.

Депозитната база е на ниво од 1,65 милијарди евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ МВР ДОБИ 33 НОВИ ПОЛИЦИСКИ МОТОЦИКЛИ И КОМПЛЕТНА ОПРЕМА

08/10/2026
Македонија

СО СКАНДАЛОТ ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ОД 37 МИЛИОНИ ЕВРА ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ

08/10/2026
Македонија

ОД ВТОРНИК СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Во недела обилни врнежи од

08/10/2026
Македонија

„ПРОДАВАВ ПИПЕРКИ, ПА ПАРИЧКИТЕ ГИ ПИКАВ ВО ДУПЧЕТО“ Мајката на

08/10/2026
Македонија

АВСТРИЕЦ СО ОРУЖЈЕ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА Во камперот

08/10/2026
Македонија

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува

07/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа

07/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46045
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ МВР ДОБИ 33 НОВИ ПОЛИЦИСКИ МОТОЦИКЛИ И КОМПЛЕТНА ОПРЕМА Ќе се користат за поголема

08/10/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Горан Ангеловски,

СО СКАНДАЛОТ ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ОД 37 МИЛИОНИ ЕВРА ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА СДСМ ВЛАДЕЕШЕ КРИМИНАЛНО Сега

08/10/2026

Со скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра, Венко Филипче јасно потврди дека владеењето на СДСМ со државата било

ОД ВТОРНИК СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Во недела обилни врнежи од дожд и засилен ветер

08/10/2026

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy