
Продолжува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните, а во текот на ноќта во западните делови. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен превец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и тивко со повремени врнежи од дожд. T=7°C. P=960hPa. U=85%. V=2m/s.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

