Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски

29/01/2026

AA

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против М.Б., во својство на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. Пријавата е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, М.Б. злоупотребил својата службена положба и овластувања така што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, не отпочнал навреме постапка за одземање на лиценца за вршење енергетска дејност од правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законските услови за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт (вклучително еуродизел БС Д-Е V, биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 – ЕЛ-1 и течен нафтен гас – ТНГ).

Наместо да ја одземе лиценцата веднаш, како што бара законот, М.Б. донел незаконско решение за прекин на постапката, по што лиценцата била одземена дури на 14 април 2025 година, наместо на 15 јануари 2024 година. Со ова, компанијата незаконски продолжила со енергетска дејност повеќе од 15 месеци и имала можност да учествува и да склучува договори за јавни набавки.

Според Управата за финансиска полиција, овие дејствија резултирале со повреда на законските прописи и овозможиле на ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет од 194.520.962 денари и противправна имотна корист од 14.093.576 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Какво ќе биде времето до крајот на мај?

17/05/2026
Македонија

Уапсен 19-годишник за убиство на момче во скопско Бојане

17/05/2026
Македонија

Георгиевски: Термините „Македонец“ и „македонско“ се трајно присутни во бугарската

17/05/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер денеска во повеќе делови од земјава

17/05/2026
Македонија

Ѓорѓиевски најавува нова механизација за подобро собирање на отпадот

16/05/2026
Македонија

Владата ги продолжи економските мерки до 1 јуни

16/05/2026
Македонија

ФОТО Се запали автобус на автопатот Велес–Скопје, патниците евакуирани навреме

16/05/2026
Македонија

Хигиеничар во училиште осомничен за насилство врз деца во Берово

16/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43313
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Какво ќе биде времето до крајот на мај?

17/05/2026

Во следните две недели Македонија ја очекува претежно стабилно пролетно време со постепен пораст на температурите. По краткотрајно освежување на

Уапсен 19-годишник за убиство на момче во скопско Бојане

17/05/2026

Детали за убиството кај селото Сарај Полициски службеници од СВР Скопје приведоа 19-годишен жител на селото Бојане, под основано сомнение

Георгиевски: Термините „Македонец“ и „македонско“ се трајно присутни во бугарската историска литература

17/05/2026

Љубчо Георгиевски со анализа за македонско-бугарските односи Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, преку својот Фејсбук профил упати коментар во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy