Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжува процесот за Клиника Жан Митрев, што се случуваше досега
Македонија

Продолжува процесот за Клиника Жан Митрев, што се случуваше досега

13/11/2023

AA

За 15 ноември, среда е закажано новото рочиште за случајот против Клиника Жан Митрев и кардиохирургот доктор Жан Митрев, откако последно на 3 октомври беше откажано бидејќи сведоците на обвинителството не се појавија на рочиштето. Еден од сведоците дојде во судница без со себе да понесе лична карта за идентификација, што е задолжително при давање исказ пред судија, а вториот сведок воопшто не се појави затоа што не бил известен.

Претходно, наводите на обвинителството целосно ги разнишаа клучните сведоци во процесот против Клиника Жан Митрев, чиишто првични изјави и обвинувања за измама беа и причината да се оформи овој предмет. Мелита Брезева го тужи доктор Митрев за измама и побарување за исплата на оштета, но истата во сведочење пред судот изјави дека од страна на Клиника Жан Митрев и се вратени скоро 26.000 евра неискористени средства за лекување на пет члена од нејзиното семејство. Но, она што е поважно е дека самата Брезева ги поби исказите дека таа и нејзиниот сопруг Никола Брезев биле измамени од страна на клиниката за користење на хемофилтрации. Факт е дека самиот Никола барал третман со хемофилтрација уште од првиот ден кога бил примен на лекување во Клиника Жан Митрев, барање кое што било одбиено од страна на конзилиумот на клиниката, а подоцна, по направената прва хемофилтрација истиот бил негативен на ковид тест. За ова сведочи и Мелита Брезева која пред судот и обвинителството јасно посочи дека нејзиниот сопруг Никола бил уверен дека хемофилтрацијата ќе му помогне и верувал во овој метод, тврдење коешто подоцна се претвори во тужба кон клиниката и мотив за оштетно побарување.

„Никола го примија на 24 март 2021 година во болницата Жан Митрев, тој си отиде спремен со пари во него за пакетот 12.000 евра, ова ни го кажаа и по телефон за да прашам дали имаат место, но и си го знаевме, бидејќи иста беше постапката и за свекорот. Кога го примија првите денови беше навистина добар, Ви предочувам и пораки од комуникација која ја имав постојано со него, и тој навистина се чувствуваше добро. На 27 март 2021 година, се сеќавам дека ми се јави и ми рече дека ќе го стават на хемофилтрација, дека го преместиле во друга соба. Тој цела ноќ бил во исчекување дека ќе му направат хемофилтрација, но утредента ми рече дека е одлучено од конзилиум од лекарите да не му прават. Инаку Никола самиот веруваше дека хемофилтрацијата е многу добра, дури и во пораките ќе забележите дека ми пишува дека ќе сака да му направат хемофилтрација и вели дека на тие кои им прават побрзо се подигаат, така мислеше тој“, сведочеше Мелита Брезева, клучниот сведок во судскиот процес против Клиника Жан Митрев и д-р Митрев.

Но, покрај сведоштвата на главните сведоци, со ослободителна пресуда за Клиника Жан Митрев паднаа и обвиненијата од МАЛМЕД според кои методот на хемофилтрација се користел како експериментален третман и притоа ги измамиле пациентите. Во меѓувреме се појави информација дека хемофилтрацијата во време на ковид пандемијата се применувала и на државната клиничка болница за што потврдуваат документите од јавни набавки на клиниката за кардиохирургија за периодот од 2021 и 2022 година.

Судскиот процес против кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника која важи за клиника која ги постави темелите на современите медицински услуги во Македонија во изминатите 22 години постоење и медицински тим кој беше дел од првиот историски оперативен зафат на трансплантација на срце во Македонија, почна скандалозно и со многу пропусти и нерегуларности, јавни линчови и манипулативни содржини. Претходно откажаното рочиште е закажано за во среда, кога се очекува да се појават двајцата сведоци чиишто изјави ќе покажат како ќе се одвива понатамошното судење против Жан Митрев и Клиника Жан Митрев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy