Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДОЛЖУВА МЕРКАТА ЗА НАМАЛЕНИОТ ДДВ ЗА НОВИ СТАНОВИ Стапката од 5% ќе важи и по 1 јануари
Македонија

ПРОДОЛЖУВА МЕРКАТА ЗА НАМАЛЕНИОТ ДДВ ЗА НОВИ СТАНОВИ Стапката од 5% ќе важи и по 1 јануари

24/11/2025

AA

Повластената стапка од пет проценти ДДВ за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

– Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на тие резултати, предложивме стапката од 5 проценти да остане и натаму. Исто така сме во постапка на измена и дополнувања на целиот Закон за ДДВ каде што ќе предложиме одредени модалитети кои ќе се применуваат во иднина – истакна Димитриеска-Кочоска во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Министерката потенцира дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено имајќи предвид дека дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства додека објектите се во градба.

– За да не биде оштетен ниту еден граѓанин, потребна е целосна и јасно утврдена постапка. Сега во моментот нема можност за такво нешто и затоа предложивме да продолжи да важи тој член кој вели дека повластената стапка од 5 проценти ќе остане и понатаму – посочи Димитриеска-Кочоска.

Додаде дека и во земјите со повисоки генерални стапки на ДДВ, даночното третирање на становите е пониско, притоа наведувајќи дека во Словенија редовната стапка на ДДВ за станови е 9,5 проценти.

Димитриеска-Кочоска најави дека во Министерството за финансии се работи на сеопфатни законски измени во даночната регулатива, но дека нема да има промена на даночните стапки.

– Ги отвораме законите еден по еден. Прво, данокот на добивка и персоналниот данок, а понатаму ќе бидат опфатени и останатите сегменти. Директивите ќе бидат наш приоритет врз основа на кои ќе ги усогласуваме законските измени. Во овој момент нема да има промена на даночните стапки – вели Димитриеска-Кочоска.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy