Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжи протестот на судската администрација
Македонија

Продолжи протестот на судската администрација

15/09/2023

AA

Судската администрација и денеска продолжи со протест со кој бараат зголемување на платите.Од Независниот сидникат на судската администрација велат дека штрајкот ќе биде во мирување, но, во случај да не им се исполнат барањата ќе го активираат, со што ќе настане блокада во судството.

– Штрајкувачкиот одбор во знак на добра намера штрајкот го стави во мирување. Сѐ со цел да се даде простор преку преговори да се најде решение за нашите барања. Но, ако надлежните не покажат слух и не одговорат на нашите барања, ќе го активираме штрајкот и ќе има тотална блокада на судството, велат оттаму.

Од Синдикатот велат дека не бараат нешто посебно од Министерство за финансии, туку средствата „кои се доделени со закон“. Имено, во Законот за судски буџет во член 4 е предвидено дека заради функционирање на судската власт се утврдува износ од најмалку 0,8 проценти од Бруто домашниот производ. Тие 0,8 проценти ние не ги добивме, каде отидоа тие пари? Државниот завод за ревизија излезе после нашата прес-конференција со информација дека тие пари Владата ги потрошила за себе. Од финансиите на судот, они си ги потрошиле за себе, соопштија на денешната прес-конференција од Независниот синдикат на судска администрација.

Оттаму дополнуваат дека со ниските плати нема да работат на амнестиите.

– Амнестиите нема да ги работиме ние. Со 18 000 плата записничар, со долгогодишно работно искуство, 20 000 денари доставувач со по 20 години работно искуство и 28 000 стручен соработник, ниту амнестии, ниту едно судење нема да дозволиме ако го активираме штрајкот, велат тие.

Вработените во судската администрација бараат зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници.

Протестни собири на судската администрација се одржаа и во други градови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
Македонија

ТЕЛЕКОМ СВИКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА Темата беше заштита од врсничко насилство

28/09/2026
Македонија

ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

28/09/2026
Македонија

ДРЖАВАТА ГИ СЛУШНА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ Изработи прирачник за

28/09/2026
Македонија

ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва

28/09/2026
Македонија

ДВАЈЦА БЕСНЕЕЛЕ ВО КАЗИНО, НЕКОЛКУ ГОСТИ ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКА Гаѓале

28/09/2026
Македонија

ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ, НЕКОЛКУМИНА УАПСЕНИ Во тек е голема

28/09/2026
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ МУАБЕТАТ СО ЧАТ ГПТ НАМЕСТО ДА ГО ИСКОРИСТАТ ЗА

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45849
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш

28/09/2026

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Струмица–Радовиш, на делницата меѓу

ТЕЛЕКОМ СВИКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА Темата беше заштита од врсничко насилство и средина без омраза

28/09/2026

Добро познатата „Школка“ во Градскиот парк беше местото каде што викендов се одржа првата „Родителска средба без оценки“, организирана од

ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги анализира случувањата и не

28/09/2026

Венко Филипче и СДСM, чија политика се темели на тоа да се биде контра на ставовите на власта колку да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy