
ПРОДАДЕНА Е КОМПАНИЈАТА SUBWAY: Синџирот за брза храна беше во семејна сопственост шест децении
Синџирот за брза
храна Subway, познат по своите сендвичи, се согласи на понуда од 9,6 милијарди
долари од приватната компанија „Roark Capital“, јавува Би-Би-Си. Прифаќањето
стави крај на шестдецениската семејна сопственост.
Subway рапидно
растеше во последните години, но се соочи со зголемени трошоци и зголемена
конкуренција, а од февруари бараше нов сопственик.
Компанијата
потврди дека се согласила на продажба, но не објави повеќе детали. Договорот ќе
го направи Roark Capital еден од најголемите ресторани во светот. Веќе го
контролира американскиот ресторански гигант Inspire Brands, кој поседува синџири
меѓу кои и Jimmy John’s, Arbi’s, Baskin-Robbins и Buffalo Wild Wings.
ФОТО: Unsplash/Ethan Cull
