Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Проблемот со Фондот за здравство ќе биде надминат, има пари за плати“, вели Ковачевски
Македонија

„Проблемот со Фондот за здравство ќе биде надминат, има пари за плати“, вели Ковачевски

19/02/2023

AA

Проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него деноноќно работат домашни и експерти од земјите – членки на НАТО, нагласува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА дадено по завршувањето на Минхенската безбедносна конференција.

Личните податоци на граѓаните, како што истакнува, се заштитени и апелира на смиреност, а се прават и напори да им бидат исплатени платите на здравствените работници. Пари во Буџетот за исплата на плати има, категоричен е Ковачевски.

– Јас го разбирам револтот на здравствените работници. Прво, имаше информации дека немало пари во Буџетот. Пари во Буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на којшто се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови. Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот тоа да може да се направи од централниот трезор што е комплицирана работа, меѓутоа на која што се работи, вели Ковачевски.

Ваквите хакерски напади, како што посочува, се дел од хибридната војна што се води како нов начин на војување и на неа не се имуни ниту останатите држави. Целта е да направи блокада на клучните витални системи во државите кои се западно ориентирани и да се внесе немир кај граѓаните.

– Апсолутно се поврзани со војната што се води во Украина бидејќи пред тоа не постоеа. Второ, хибридната војна што се води и којашто вклучува сајбер напади, хакерски напади, дезинформации практично е нов начин на војување којшто досега не е виден. Тоа има неколку цели – прво, да направи блокада на клучнте витални ситеми во државите кои се членки на НАТО и на ЕУ, кои се западно определени. Второ, да внесе немир кај граѓаните бидејќи се напаѓаат системи коишто опслужувааат голем број на граѓани и трето, да направат еден систем на дезинформации што на крајот од денот оди во корист само на оние коишто не сакаат да го видат нашиот регион да биде дел од ЕУ или да биде дел од НАТО, оценува Ковачевски.

Во интервјуто, Ковачевски изразува благодарност до експертите кои се справуваат со овие сајбер напади и најавува дека лично ќе се заложи некој од нив да биде одликуван со државна награда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45731
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со

22/09/2026

Вработени во Основниот суд во Куманово поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Најдени му се при претрес

22/09/2026

На граничниот премин Табановце кaj унгарски државјанин откриени се 200 илјади евра, кои тој се обидел нелегално да ги внесе

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

22/09/2026

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy