Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОБЛЕМ ЗА СРБИТЕ НА КОСОВО: На Јариње e запрена уште една пратка со динари
Регион

ПРОБЛЕМ ЗА СРБИТЕ НА КОСОВО: На Јариње e запрена уште една пратка со динари

14/02/2024

AA

Нови проблеми за косовските Срби. На преминот Јариње денеска e запрена уште една пратка со динари за Косово. 

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија Петар Петковиќ изјави дека на административниот премин Јариње е забранета уште една пратка динари наменета за исплата на плати, пензии и социјални надоместоци за Србите и другите неалбански жители на Косово, чиј опстанок зависи од приливот на средства од буџетот на Република Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

„Припадниците на полицијата на Курти не само што забранија влез на динари, туку на административниот премин демонстрираа грубост кон претставниците на Народната банка на Србија (НБС) и компанијата Хендерсон, а потоа ги избркаа со закана за апсење“, вели Петковиќ.

Додава дека косовскиот премиер Албин Курти со тоа „јасно покажал дека таканаречениот преоден рок е чиста лага и дека цело време работи на операционализирање на одлуката за забрана на динарот“.

Една пратка динари веќе беше вратена на 7 февруари на преминот Јариње без никакво објаснување или официјално одбивање.

Србите деновиве протестираа со барање меѓународната заедница да реагира.  Западните земји го повикаа Косово да ја одложи одлуката, но тоа не се случи.  Косовските власти инсистираат на употреба на еврото. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy