
Приведени три Албанки во угостителски објект во Гостиварско
Рано утрово, полициски службеници од ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во угостителски објект во селото Неготино, при што затекнале три странски државјанки од Албанија.
Според информациите од полицијата, жените го злоупотребиле туристичкиот престој во Република Северна Македонија, бидејќи престојувале спротивно на целта за која им била одобрена дозволата.
Приведените се задржани во полициска станица и против нив ќе биде преземена понатамошна постапка во согласност со законските процедури.