Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ – ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра
Економија

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ – ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

04/01/2025

AA

Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава може да казнува и со 20.000 евра за пронајдени договори за нефер трговски практики, истакна заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.  

Со почетокот на годинава, почна примената на казните за неправилностите при спроведувањето на Законот за нефер трговски практики кој е во функција, според директива на ЕУ од 28 септември. Процесот до крајот на 2024 година се следеше со мониторинг, сега се на сила паричните казни.

-Мониторингот за примената на законот заврши до Нова Година. До Нова Година се дооформи и Комисијата за конкуренција (КЗК) која го имплементира Законот и во практиката. Комисијата ќе ги проверува сите договори склучени помеѓу производителите, добавувачите и трговците и онаму каде ќе бидат утврдени неправилности казните се 20.000 евра, вели Ристески.

Со законот се опфатени 2.546 производи по тарифен број, а претходно се утврдени 26 нефер трговски практики. Ристески нагласува дека контролата ќе биде строга.

-Комисијата ќе може да влезе во фирмите, да ги проверува договорите по дојава. Сето тоа што ќе биде констатирано како неправилност, ќе биде казнето. Казната е висока, 20.000 евра, објаснува Ристески.

Целта на Законот, кој треба да биде пример и за другите земји од Западен Балкан, е да се регулира односот помеѓу добавувачите и трговците. Заменик-министерот посочува дека ефектите на подолг рок е стабилизација на цените на производите.

-Рабатот е ограничен на 10 проценти во текот на годината. Сето тоа ќе создаде еден ред во сета таа работа со трговските практики каде рабатите биле големи, и до 35-40 проценти. Очекуваме на подолг рок да имаме стабилизирање на цените на производите, во интерес на крајните купувачи, односно граѓаните. Овој Закон е од голем интерес и важност, бидејќи првпат се спроведува во Македонија и е по директива од Европската Унија и треба да биде пример и за другите држави на Западен Балкан.

МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската

28/08/2026
Македонија

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
Македонија

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот

28/08/2026
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45303
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската медиумска машинерија“ Македонија

28/08/2026

Опозициската партија СДСМ побара од надлежните институции да спроведат истрага и да постапат по, како што посочуваат од партијата, законските

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026

Системот „Безбеден град“ почна автоматски да ги детектира и мотоциклите кои се движат со брзина поголема од дозволената. Пронајдено e

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во

28/08/2026

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy