Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведени две лица за убиството кај Мавровка, се пукало и кон полицајците
Магазин

Приведени две лица за убиството кај Мавровка, се пукало и кон полицајците

20/08/2024

AA

Две лица биле приведени за убиството кај Мавровка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што се посочува во соопштението до медиумите денеска (20.08.2024) во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.
Од страна на полицијата веднаш биле преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои биле вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.
„Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје“, посочуваат од МВР.
Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45057
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Од МВР информираат дека

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy