Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор, криумчарел мигранти од Сирија
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор, криумчарел мигранти од Сирија

26/09/2023

AA

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.

На 24.09.2023 околу 18.40 часот на влез во с.Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот забележале како од патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, излегуваат пет лица мигранти, по што возачот не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и го напуштил местото. На местото биле затекнати пет лица мигранти од Сирија кои биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

По преземени мерки и активности било констатирано дека кривичното дело го сторил Д.С., кој  на 25.09.2023 бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица. Притоа, по извршени проверки било констатирано дека тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од девет месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово за издржување на затворската казна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44980
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат иднина дома

12/08/2026

За 35 години од прогласувањето на независноста, Република Северна Македонија претрпе длабока демографска и социјална трансформација. Државата која ја започна

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето на скопската вода

12/08/2026

Водата за пиење од градскиот водоснабдителен систем во Скопје е целосно безбедна и микробиолошки исправна, покажаа најновите лабораториски испитувања спроведени

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy