Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДА СЕ НАСОЧИ КОН ПОКВАЛИТЕТНИ ИНВЕСТИЦИИ“: Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Топ 100 извозници“.
Економија

„ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДА СЕ НАСОЧИ КОН ПОКВАЛИТЕТНИ ИНВЕСТИЦИИ“: Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Топ 100 извозници“.

11/11/2023

AA

„Носителите на
политиките и извозните компании треба да се подготват за можното остварување на
геоекономските ризици и да ја зголемат отпорноста на домашната економија. Првите
треба да направат повеќе напори за ублажување на структурните пречки кај факторите
на долгорочниот раст, преку мерки на пазарот на труд, инвестициите,
продуктивноста и квалитетот на институциите. Приватниот сектор треба да се
насочи кон поквалитетни инвестиции, во интелектуална сопственост, истражување и
развој и иновации. Од исклучително значење е и натамошното вклучување во
глобалните синџири за снабдување, особено во покомплексните и пософистицираните
фази на производниот циклус, што ќе овозможи понатамошна диверзификација на
извозот, трансфер на технологии и размена на знаење и вештини, но и зголемување
на степенот на комплексност на извозните производи.“ порачува гувернерката на Народната банка, Анита
Ангеловска-Бежоска во својата 
колумна за изданието „Топ 100 извозници“.

 „Високиот
раст на трговската интеграција на нашата економија има значително позитивно
влијание врз карактеристиките на економијата, особено на извозот. Сепак,
по одреден период се бележи побавно менување на степенот на економска
комплексност на домашната економија. Оваа констатација се заснова на податоците
за индексот на економска комплексност на Харвард, според кој македонската
економија во моментов се наоѓа само едно скалило погоре од рангирањето во 2000
година, иако напредокот станува позабележителен од 2015 година па
наваму. Воедно, и учеството на производите со повисока додадена вредност
во македонскиот извоз е значително зголемено во последните 20 години, од околу
11% во 2004 година, на околу 60% во првите седум месеци од 2023 година. Сепак,
овој тренд е забавен во изминативе неколку години, што значи дека е потребен
нов поттик за подобрување, што треба да произлезе делумно и од домашните
извозни компании“, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска. 

Таа истакнува и
дека зголемувањето на извозот на производи со поголема додадена вредност е
особено битно поради фактот дека постои позитивна врска помеѓу комплексноста на
извозот на една земја и нејзиното ниво на доход.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45922
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски порача дека нема да се

01/10/2026

Политиката на проширување на Европската Унија е клучна за демократската трансформација, владеењето на правото и унапредувањето на добрососедските односи, а

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија и Италија ќе разменуваат искуства

01/10/2026

Време е законите целосно да почнат да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА ДЕКО МУ СЕ СЛОШИ Тензично

01/10/2026

Во тензична атмосфера се одвива денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое бранителите на 34 обвинети

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy