Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ВО ВРСКА СО КАНАБИСОТ ЗАПЛЕНЕТ ВО СРБИЈА Ќе бидат зад решетки 48 часа
Македонија

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ВО ВРСКА СО КАНАБИСОТ ЗАПЛЕНЕТ ВО СРБИЈА Ќе бидат зад решетки 48 часа

18/02/2026

AA

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени во врска со запленетиот канабис во Србија, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа, соопшти денеска ОЈО ГОКК.

„Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор. Барањето за определување краткотраен притвор е со цел да се обезбедат лицата и да се овозможи доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка“, се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со интензивно постапување во предметот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек, согласно законските можности, додава ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Кривичниот суд потврди дека на две лица им е определен краткотраен притвор.

„За две лица, А.И. и Д.С., осомничени по член 215 став 3 од Кривичниот законик, за делото Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прифатен е предлогот за краткотраен притвор од 48 часа, поради постоење на основите за притвор, односно, опасност од бегатво, влијание врз сведоци и повторување, односно довршување на делото“, информира Кривичниот суд.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45636
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари – нема повредени

11/09/2026

Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската општина Шуто Оризари, при што изгореа повеќе од дваесет дуќани. Според

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy