Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Притвор за дилер на дрога од Гевгелија
Македонија

Притвор за дилер на дрога од Гевгелија

18/09/2023

AA

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори член 215 став 1 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во неговиот дом во Гевгелија, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хероин во вкупна количина од 11,23 грама како и наркотична дрога кокаин спакувана во алуминиумска фолија во количина од 0,08 грама. При претресот на 15 септември кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога како средство наменето за мерење на наркотичната дрога при продажба.

По претходен телефонски договор, осомничениот на сведок му продал 1 грам хероин за цена од 2.600 денари, додека на друг сведок, со намера да му продаде наркотична дрога, му овозможил во неговиот дом да конзумира хероин во два наврати.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело или дека ќе го повтори делото. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.​

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy