Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИШТИНА ВО НЕПОВОЛНА ПОЗИЦИЈА ВО ДИЈАЛОГОТ, непромислените постапки на Курти ја доведоа во ќорсокак, вели Хоти
Регион

ПРИШТИНА ВО НЕПОВОЛНА ПОЗИЦИЈА ВО ДИЈАЛОГОТ, непромислените постапки на Курти ја доведоа во ќорсокак, вели Хоти

29/01/2023

AA

Поранешниот косовски премиер Авдулах Хоти денеска изјави дека Косово е во неповолна позиција во дијалогот со Србија, поради непромислените постапки на Аљбин Курти.

Според него, Косово сега е во ќорсокак и барањето на меѓународните партнери е веднаш да се формира Заедница на општини со српско мнозинство, изјави Хоти за Косовапрес.

Хоти изјави дека неговата влада оставила рамка за дијалог чија цел е взаемно признавање, но дека со постапките на Курти овој процес е назад.

– Сметам дека погрешниот пристап на оваа влада од самиот почеток доведе до сегашната ситуација, каде што сега нашите меѓународни партнери бараат веднаш да се формира Заедница на српски општини. Во претходната влада со нашите меѓународни партнери договоривме рамка за дијалог што не ги допира овие теми и не ги вклучува темите за територијален интегритет, суверенитет, така што конечниот договор би бил нормализација и меѓусебно признавање. Тоа треба да биде договор во согласност со Уставот на Косово и не треба да се договориме за ништо додека не се договориме за се. Што направи оваа влада? Тие ја напуштија таа рамка на дијалог и дојдоа до некои точки кои нè вратија век и половина назад и ја ставија земјата и самите себе во ќорсокак, нанесувајќи и големи штети на земјата – рече Хоти, а пренесе „Нова.рс“.

Тој додаде дека Косово е во дополнителна неповолна позиција за дијалог, поради одлуките кои доведоа до влошување на ситуацијата на северот и повлекување на Србите од институциите на Косово.

– Најдобар начин да се излезе од ќорсокакот е да се создаде политички консензус во земјата и тесна координација со нашите меѓународни партнери, особено со САД, со цел да се избегне создавање непотребни проблеми на теренот. Постојано барање на нашите партнери е да не создаваме вакви проблеми и покрај тоа што сме во право во акциите што се преземаат на северот од државата во последните месеци. Сите ни дадоа право, но побараа да ги одложиме овие одлуки за момент што е поповолен за Косово. Денеска сме во најнеповолна ситуација за дијалог, бидејќи тоа е ситуација кога сите институции на редот и законот на државата Косово не се наоѓаат на север – рече Хоти.

Хоти рече дека очекува да се внесе поголема транспарентност во процесот на дијалог и дека владините претставници ќе бидат внимателни во активностите што ги преземаат и дека ќе работат на политичката кохезија неопходна за процесот на дијалог.

Тој одби да го коментира планот на ЕУ за дијалог, велејќи дека Владата на Косово и во овој поглед не е транспарентна.

– Ќе барам и очекувам да добијам извештај во Собранието. Сметам дека опозицијата и граѓаните не можат да го прифатат нацртот на француско-германскиот план. Неприфатливо е Владата во септември да испраќа коментари, во декември да враќа нов нацрт, без да ја информира јавноста или граѓаните за тоа, ниту Собранието како уставна институција која го надгледува процесот на дијалог. Се зборува за француско-германски план, но нема официјална информација од Владата за јавноста и Собранието, затоа морам да бидам претпазлив за содржината на овој план, додека Собранието официјално не биде известено за тоа – дополни Хоти. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy