Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата
Македонија

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата

29/01/2023

AA

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

Според истражувањето, 60,7 отсто од анкетираните сметаат дека земјава не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, додека подготвеност гледаат 32,4 отсто. Дури 62,7 отсто од граѓаните се на ставот дека не даваат резултати досегашните мерки кои Владата ги воведе за справување со последиците од економската криза и инфлацијата, додека ефект од нив гледаат 28,5 отсто од анкетираните. Најнезадоволни од мерките се во Пелагонискиот регион каде 69 отсто од граѓаните се на ставот дека владините мерки не даваат резултати.

Мнозинство од граѓаните – 56,8 отсто се песимисти во поглед на очекувањата за оваа година и сметаат дека инфлацијата и трошоците за живот ќе пораснат, додека четвртина се на ставот дека ќе бидат приближно исти како и сегашните. Само 9,5 отсто очекуваат намалување.

Најголемиот дел од граѓаните очекуваат економската криза да трае повеќе години. Ваков став делат 31,8 отсто од анкетираните. Крај на кризата со крајот на оваа година очекуваат 23,8 отсто од анкетираните додека 17,7 отсто сметаат дека економската криза ќе заврши за две години.

Најголем дел од граѓаните сметаат дека власта имала најголемо влијание и одговорност за актуелната економска криза. На скалата од 1 до 5, 44 отсто од граѓаните и дале „петка“ на Владата за степенот на одговорност за кризата, 33,2 отсто со највисок степен на одговорност за кризата ја оцениле војната во Украина, а 29 отсто други надворешни фактори.

Најмало влијание врз кризата, според граѓаните, имале корона пандемијата и опозицијата.

На скалата од 1 до 5 највисока средна оценка како највисок степен на одговорност за актуелната економска криза добила власта. Нејзината средна оценка е 3,95, а 44,3 отсто од испитаниците сметаат дека таа имала големо влијание врз кризата додека само, 8,2 отсто сметаат дека политиките на власта не влијаеле врз економската криза.Со средна оценка од 3,9 граѓаните сметаат дека други надворешни фактори имале големо влијание врз кризата. Најмала средна оценка за своето влијание врз кризата има опозицијата. На скала од 1 до 5 граѓаните ја оцениле со 3,13.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
Македонија

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ

12/11/2026
Македонија

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му

12/11/2026
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува

12/11/2026
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46746
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА Го оштетил комбинатот за

12/11/2026

Две години казна затвор за Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК „Битола“ пресуди денеска битолскиот суд за незаконитости во тендерот

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И ЗА НЕРИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, НО ПРИВАТНО

12/11/2026

Минатата недела 26.000 вакцини против грип се пристигнати во Словенија, а очекуваме утре, најдоцна в понеделник, да бидат во употреба

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Реновирана ординацијата за општа

12/11/2026

Во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје во 2025 и 2026 година се вложени над 40 милиони денари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy