Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Припадник на кланот Вељa Невољa „падна“ во Бања Лука! Употребил лажен идентитет во име на Димитрије Микариќ – учествувал во киднапирање
Македонија

Припадник на кланот Вељa Невољa „падна“ во Бања Лука! Употребил лажен идентитет во име на Димитрије Микариќ – учествувал во киднапирање

13/09/2023

AA

Во Бања Лука вчера е уапсен Александар Бугарски (28) од Белград, кој важи за многу опасно лице поврзано со криминални групи во Србија.

Како што дознава Српскаинфо, со Бугарски е уапсена и девојката на С.Ќ. од Брод, но засега не е поврзана со никакви кривични дела.

Инаку, по уапсениот беше распишана потерница за различни кривични дела, а во Србија тој беше поврзан со криминалната група на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља.

Локален извор од истрагата појасни дека инспекторите на Полициската управа од Бања Лука дознале дека во изнајмениот стан, на Булевар Војвода Степа Степановиќ, живее државјанин на Србија, кој користи лажен идентитет на име Димитрија Микариќ.

Користеше лажно име

Утврдено е дека тој живее во Бања Лука околу три месеци и се движи под тоа лажно име.

-Полицијата веднаш излегла на терен и го забележала тоа лице како седи во такси со девојка. Полицајците набрзо го запреле таксито за да ги легитимираат патниците – вели соговорникот.

Откако полицијата го запрела возилото, Бугарски излегол од таксито и се обидел да побегне, но инспекторите го стигнале и го привеле.

– При контролата, кај него полициските службеници пронашле лична карта на име Димитрије Микариќ, но од подоцнежните проверки било утврдено дека истата е фалсификувана. Утврдено е и дека по него е распишана потерница од Министерството за внатрешни работи на Србија. При апсењето кај него биле пронајдени околу 12 грама марихуана – објаснил соговорникот.

Нашиот извор вели дека бањалучката полиција стапила во контакт со нивни колеги од Србија и добила информација дека тој е поврзан со групата на Беливук.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели

13/04/2026
Македонија

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026
Македонија

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42438
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy