Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јовиќ: Промашивме многу чисти ситуации, овој меч нека биде поука
Спорт

Јовиќ: Промашивме многу чисти ситуации, овој меч нека биде поука

13/09/2023

AA

Тренерот на Пелистер, Александар Јовиќ е разочаран од изданието на неговиот тим против Колстад, но верува дека како ќе одминува времето работите ќе бидат подобри.

Пелистер со тежок пораз пред своите навивачи од Колстад го почна настапот во Лигата на шампионите. Битолскиот тим загуби со девет голови разлика, 31-22. Јовиќ е разочаран, но верува дека ќе биде подобро.

„Лошо го отворивме натпреварот. Имавме голема желба, бевме борбени, не заслуживме пораз од девет разлика, тоа се должи на многуте промашени чисти ситуации од кои мора да се реализира. Тие во нивната анализа имаа посебно внимание обрнато на затварање на нашите пикери. Овој натпревар треба да ни биде поука за понатаму и едно големо искуство“, вели тренерот Јовиќ.

„Сепак мислам дека сме на добар пат, имаме нови играчи и потребно ни е време да се воиграме. Верувам во играчите, верувам во екипата и прашање на време е кога ќе го направиме тој исчекор да ги оствариме целите за оваа сезона“.

Пикерот на битолскиот тим, Жарко Пешевски вели дека од следниот меч мора да играат на многу повисоко ниво за достоинствено да го претстават градот и земјата. 

„Колстад беше подобар тим од нас. Ние направивме многу технички грешки и промашивме многу чисти шутеви. Но, ние сме нови во ова натпреварување, сакаме да бидеме подобри, мораме да бидеме подобри, мора да дадеме гас од следниот меч, мора достоинствено да ја претставуваме нашата земја и нашиот град“, вели Пешевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46983
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА – ГОСТИВАР Автомобилот се движел со

28/11/2026

Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо. Според првичните

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од -18 во среда

28/11/2026

Облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег, нè очекува утре, недела, 29 ноември. Во пониските места долж Повардарието

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026

Возило се преврте на планински превој, во тек е акција за извлекување на повредените. Очевидци јавуваат дека сообраќајна незгода се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy